Портфолио на Организација на Жени - Штип


Информативен сајт објавен од страна на Трговско-индустриска Комора - Благоевград, Република Бъгария и Организација на жените - Штип, Република Македонија на проектот "Промовирање на селскиот и планински туризам помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, финансиран од програмата за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош" Бугарија - Македонија 2007 - 2013 "на Европската Унија.



Търговско-промишлена палата - Благоевград BG Трговско-индустриска комора - Благоевград, Република Бугарија ПРОЕКТ: FRESH AIR MK Организација на жените - Штип, Република Македонија Организация на жените - Щип


Mobile Version of www.freshair-ipa.eu
mobile.freshair-ipa.eu


Избери твојот јазик
EN EN | BG BG | MK MK


Корисни Линкови:

- Програма за прекугранична соработка 2007-2013 Инструмент за претпристапна помош

- Eвропска комисија

- Благоевград

- Добърско, село Добърско

- Електронски магазин за град Разлог

- За хотелите во Бугарија ...

- Министерство за регионален развој и урбанизам, Управувачки орган во рамките на програмата

- Никополис ад Нестум

- општина Петрич

- општина Симитли

- општина Струмяни

- Општина Хаджидимово

- Парк хотелот "Пирин"

- Село БГ - Духот на Бугарската село

- Совет за европски прашања

- Bulgaria Travel

See all links



Влез за Администрација

Влез за Администрација



ДАТУМ

ДАТУМ 23/08/2019



Съдържание



КОРИСНИЦИ  |  Трговско-индустриска комора - Благоевград



MK

Organization of Women - Stip, Macedonia


Портфолио на Организација на Жени - Штип


  • Организација на жени на Општина Штип е основана на 7 Март 1991 година и дејствува се до денес.

    Здружението на граѓани Организација на жени на Општина Штип од Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој во на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.


    Здружението на граѓани Организација на жени на Општина Штип од Штип, дејствува на територијата на РМ, а е организирано за подрачјето на општина Штип. Здружението во своето дејствување се проширува на национално ниво и соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и членува во асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законот на РМ .


    Мисија на организацијата: Создавање на поволни услови за остварување на организиран пристап за постојана активност на жените во општината и Републиката.

    Следење, анализирање, проучување, поттикнување, подржување и иницирање на прашања сврзани со подобрување и унапредување на општествено-економски, социјални, здраствени, хуманитарни, етнички, мировни и други видови на граѓански иницијативи.


    Основни цели и задачи на Здружението се:
  • Остварување на Уставно утврдените слободи и права на граѓаните во Општината, во тие рамки и на жената.
  • Решавање актуелни проблеми во сите области на општествено-економскиот живот.
  • Обезбедување соодветна застапеност на жената во сите сфери на јавниот живот во општината и државата.
  • Почитување на личноста и достоинството на жената, нејзиниот интегритет и целосна рамноправност на половите.
  • Ослободување на традиционалните свакања од било каков вид на потчинетост на жената.
  • Посебна заштита на жената, утврдена со Уставот, законите и Меѓународните правни документи, потпишани согласно Уставот на Р.М.
  • Решавање актуелни проблеми, сврзани со положбата на жената во сите области на општествено-економскиот живот.
  • Отстранување на сите облици на насислство над жената во согласност содокументите за човековите права и слободи.
  • Создавање на услови за стручно оспособување и работно ангажирање на жената во стопанството и другите дејности.
  • Негување и афирмирање на културата на живеење на жената и семејството.
  • Организирано дејствување во унапредувањето на заштитата на семејството.
  • Социјална и здравствена заштита на жената со посебен акцент на биолошката репродукција.
  • Создавање услови за спроведување на активна популавциона политика со почитување на правото на човекот за слободно одлучување за раѓање на децата.
  • Поддржување, поттикнување и вклучување во хуманитарни, мировни, еколошки и други видови граѓански иницијативи.
  • Иницирање и остварување мегуопштинска и мегугранична соработка.
  • Помагање на дејности и иницијативи сврзани со економскиот развој како и утврдување на регионот како економски, културен и туристички центар на Југоисточна Македонија.
  • Активности за развивањето на туризмот во Општина Штип и регионот. Помагање и стимулирање на соработката мегу опшшинските власти, бизниси и невлаини организации.



Листа на реализирани проекти:

Име на проект година Финансиран од активности/цел
"Програма за јакнење на капацитетите на женските НВО за здравствена едукација" 2000-2005 MCMS Генерална цел на овој проект е промовирање на концептот за односите меѓу родовите, особено помеѓу жените во руралните области и приградски населби во Штипскиот регион и низ Македонија. Со оваа програма ќе се овозможи полсно имплементирање на концептот за односи меѓу родовите и за здравствена едукација и промовирање на здравјето кај жените.
"Функционална писменост – развој на заедницата" 2000-2005 UNICEF Описменување на вкупно 800 неписмени жени од кои 200 во Штип од макеоднска, ромска и турска припадност.
"Рано откривање на карцином на дојката и матката кај жените" 2000-2001 МЦМС Целта беше зголемување на нивото на здравствена едукација на жената и подигање на свеста кај жената за самопрегледување и редовна контрола.
"Психосоцијална подршка на раселени лица" 2002 АРЦ - интернационал Целта на проектот беше психолошко јакнење на раселени лица и зголемување на свеста на жените за состојбата во која се наоѓаа и изнаоѓање на начини за излез од кризата која владее во нивниот моментален живот, психолошко советување, мотивација, развивање на оптимизам.
“Мир наспроти војна – зависи од нас” 2003 ФИООМ Подигање на јавната свест за процесот на европска интеграција, согласно со Стратегијата за информирање и комуникација со јавноста за процесот на европска интеграција на Република Македонија.
Анорексија и булимија, болести на модерното живеење 2003 ФИООМ Едукација на младината за подигање на нивната свест за здравјето, особено поради трендот да се изгледа слабо и мускулесто, кој остава последици по психата на човекот и нарушување на неговото физичко здравје.
"Моето право за вложениот труд" 2004 МЦМС Подигање на свеста на вработените за правата и обврските од Законо за работни односи и поттикнување на иницијативи за формирање на синдикални организации во приватниот сектор во соработка со општинскиот синдикат.
"Превенција на малолетнички бракови и малолетничка бременост" 2004 Буџет на ОЖ Подигање на свеста на младите.
Саем за мало стопансво 2005 Бизнис Про Консалтинг , Т- мобиле, ГТЗ – РЕДЕМ, УНДП Промоција презентација и деловна соработка мегу стопанските субјекти со разновидна дејност
Промовирање и економска соработка меѓу мали и средни претпријатија од регионот- Штип-Карбинци-Кочани со претпријатија од Хрватска. 2006 ГТЗ РЕДЕМ Поттикнување на општините за поблиска соработка заради интегрирање на фирмите во партнерства со фирми од Хрватска.
Влез во ЕВРОПА – пат до успехот 2006 ЕЦМП Podigawe na javnata svest za procesot na evropska integracija; soglasno Strategijata za informirawe i komunikacija so javnosta za procesot na evropska integracija na Republika Makedonija.
Мегународен саем за мало стопанство- ЕКСПО Штип 2006,2007,2008 Бизнис Про Консалтинг ,ГТЗ РЕДЕМ, Општина Штип Основната цел промоција презентација и деловна соработка мегу стопанските субјекти, искористување на предноста на директен маркетинг - непосреден контакт со клиентите и купувачите, освојување нови пазари (Странски и домашни)проучување на конкуренцијата и својата позиција во однос на конкуренцијата, демонстрација и лансирање на нови производи.



КОРИСНИЦИ  |  Трговско-индустриска комора - Благоевград