Активности на проектот


Информативен сајт објавен од страна на Трговско-индустриска Комора - Благоевград, Република Бъгария и Организација на жените - Штип, Република Македонија на проектот "Промовирање на селскиот и планински туризам помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, финансиран од програмата за прекугранична соработка на Инструментот за претпристапна помош" Бугарија - Македонија 2007 - 2013 "на Европската Унија.



Търговско-промишлена палата - Благоевград BG Трговско-индустриска комора - Благоевград, Република Бугарија ПРОЕКТ: FRESH AIR MK Организација на жените - Штип, Република Македонија Организация на жените - Щип


Mobile Version of www.freshair-ipa.eu
mobile.freshair-ipa.eu


Избери твојот јазик
EN EN | BG BG | MK MK


Корисни Линкови:

- Програма за прекугранична соработка 2007-2013 Инструмент за претпристапна помош

- Eвропска комисија

- Благоевград

- Добърско, село Добърско

- Електронски магазин за град Разлог

- За хотелите во Бугарија ...

- Министерство за регионален развој и урбанизам, Управувачки орган во рамките на програмата

- Никополис ад Нестум

- општина Петрич

- општина Симитли

- општина Струмяни

- Општина Хаджидимово

- Парк хотелот "Пирин"

- Село БГ - Духот на Бугарската село

- Совет за европски прашања

- Bulgaria Travel

See all links



Влез за Администрација

Влез за Администрација



ДАТУМ

ДАТУМ 16/10/2019



Съдържание



За Проектот  |  Специфични цели на проектот:  |  Согласност на целите  |  за IPA Cross Border Programme  |  Општи цели на проектот:




MK


Активности на проектот:


  • 1. Изработка на студија за бизнис можностите за мали приватни инвестиции во областа на туризмот:
    • Ќе се проучат можностите за развој на руралниот и планинскиот туризам и можностите кои се поврзани со воспоставувањето на нови куќи за гости, ресторани, кафулиња, планински куќи за одмор, мали ски стази, итн. Студијата ќе опфаќа комплетна анализа на пазарот, вклучувајќи ги и следниве главни прашања: детален опис на природните и културните знаменитости, локалните традиции, анализа на постојната инфраструктура поврзана со туризмот, извори на финансирање за започнување на нови инвестиции, потенцијалните добавувачи на стоки и услуги, расположливи инструменти за долгорочно унапредување на туристичките оператори, одржливост на бизнисите на среден и на долг рок, потенцијалот на пазарот итн.

  • 2.Студија за јавните транспортни врски во прокетната област:
    • Ќе се направи анализа на траспортната инфраструктура во Источниот Регион на Македонија. Главни патни правци и помали патишта, цени, распоред на сите превезувачи од регионот, постоечки начини за транспорт без сопствен превоз.
      Таму каде што недостасуваат соодветни начини за транспорт ќе се направат нови предлози за подобрување на патната инфраструктура.

  • 3. Создавање на заеднички туристички производ во проектната област:
    • Прирачникот ќе биде разработен во електронска и печатена верзија. Треба да содржи информации за најатрактивните места за посета, гранични пунктови преку кои се преминува, локации на разни природни и историски знаменитости, локални традиции, рејлеф, постоењето на физичка инфраструктура итн. Туристичкиот производ треба да претставува прирачник за туристи кој ќе содржи места за посета, места за одмор, места за јадење, шопинг места, распоред на јавен превоз.

Како резултат на овие три активности, се очекува создавање на единствена база на податоци, објавена на проектниот сајт, на услуга на туристите и тур-оператори. Очекува се раздвижи на туристичката проток во двата погранични регионот на Репубика Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија.




  • 4. Изработка на веб страна на проектот, ажурирање на веб страната и создавање на дата база:
    • Веб страната треба да го содржи логото на програмата по која се исполнува проектот, сите информации кои се поврзани со проектот (реализација на активностите, очекувани резултати, бенефициенти, времетраењето на проектот итн.) Веб страната е на Англиски, Македонски и Бугарски јазик. На веб страната има линк до дата базата која ќе биде изградена во текот на имплементацијата на проектот. Веб страната ќе се користи како промотивна алатка на проектната област на национално и меѓународно ниво.

  • 5. Изработка на нацрти за внатрешен и надворешен дизајн на туристичките места во областа на проектот:
    • Дизајн и изработка на 5 предлози за внатрешни решенија и подобрување на фасадите на зградите во градовите и селата од проектниот регион. Нацртите треба да содржат традиционални и специфични фасади, вклучувајќи ги модерниот дизајн и технологија со цел подобрување на конкурентноста и атрактивноста на туристичките дестинации во проектниот регион.

  • 6. Оргазнизација на туристички настани:
    • Организација на два туристички настани (1.Бугарија и 1 во Македонија) со цел да се презентираат можностите за развој на руралниот и планинскиот туризам/велосипед туризмот во оваа област. Во текот на настанот ќе бидат одржани работилници, со цел да се стимулира претприемништвото во проектната област. Исто така ќе се реализира мрежно поврзување меѓу туристичките агенции, сопствениците на туристичките објекти во областа (ресторани, апартмани, продавници, итн), претставници на локалната власт и бизнис посреднички организациии.

  • 7. Организација на обуки за претприемачи и спортски аниматори:
    • Обуките за претприемачи ќе бидат одржани во рамки на 150 часа. Темата на обуките е ‘‘Како да се започне и развие сопствен туристички бизнис‘‘. Обуките за спортски аниматори ќе бидат изведени во рамки на 100 часа и ќе бидат опфатени теми од областа на велосипедизмот, пешачењето, рекреацијата и останатите спортови од проектната област. Обуките имаат за цел зголемување на компетенцијата и капацитетот на локалните претприемачи и вработените во областа на туризмот, развивање и подржување на локалното богатство. Обуките ќе вклушуваат и теорија и практична работа (студии на случај) во областа на туризмот. Како резултат се очекува размена на добри практики и know - how на меѓурегионално и меѓународно ниво.


    Види повеќе за Активности на проектот



    За Проектот  |  Специфични цели на проектот:  |  Согласност на целите  |  за IPA Cross Border Programme  |  Општи цели на проектот: